Да ги препознаваш страните, документите и обврските поврзани со еден товар.
Од теоријата на факултет до секојдневната работа: фактурирање превоз, пресметки за превозници, усогласување сметки и месечно затворање. Низ вежби и проект.
Остави ги своите податоци. Нашиот тим ќе те контактира за програмата, твоето предзнаење и условите за пријавување.
Провери дали програмата одговара на твоите цели.
Твојата пријава е примена. Нашиот тим ќе те контактира за да разговарате за програмата и следните чекори.
За прашања и консултации, контактирај нè преку Вибер, WhatsApp или телефонски на 077 648 049
Факултетот ти ги дал основите: должи и побарува, биланси, контен план. Но на интервју те прашуваат што си работел, а во огласите пишува „искуство“.
Знаеш теорија, но немаш проект или задача што можеш да ги покажеш на интервју.
Почетните понуди често не одговараат на годините што ги вложи во студиите.
Секоја година што чекаш „вистинска“ прилика е уште една година без искуство во CV-то.
Американските компании работат со термини како AP, AR, BOL и settlement, кои не се учат на факултет.
Не знаеш која специјализација вреди, па одлуката постојано се одложува.
Овој bootcamp ти дава конкретна ниша: сметководство за US trucking компании, со завршен проект што го праќаме до американска сметководствена компанија.
Да ги препознаваш страните, документите и обврските поврзани со еден товар.
Да подготвуваш и проверуваш фактури за превоз според договорените услови.
Да поврзуваш уплати со фактури и да истражуваш нецелосно платени износи.
Да ја следиш старосната структура на побарувањата и нефактурираните товари.
Да обработуваш влезни фактури и да ги распределуваш трошоците на соодветни сметки.
Да поддржуваш пресметки за превозници и да проверуваш документирани одбитоци.
Да проверуваш трансакции со картички за гориво и разлики во исплатите.
Да ги поврзуваш AP и AR со главната книга и да усогласуваш салда.
Да поддржуваш month-end close (месечно затворање) и да читаш основни извештаи.
Да објаснуваш нерешени разлики и да препознаваш кога треба да побараш проверка.
Прво ги запознаваш товарот, учесниците и документите. Потоа обработуваш фактури и пресметки, ги усогласуваш со уплатите и главната книга и ги поврзуваш со извештаите. Во четвртиот месец го применуваш целиот процес во една студија на случај.
Заврши економија, финансии или сметководство и бараш правец? Добиваш практични вештини, англиска терминологија и проект за CV-то.
Ги имаш сметководствените основи од факултет и сакаш да излезеш на пазарот со конкретна специјализација, не само со диплома.
Работиш со AP, AR или главна книга? Надгради го тоа знаење со документите, пресметките и процесите на US trucking компаниите.
Не е за оние без основно сметководствено знаење, за оние што не сакаат да работат на англиски, ниту за оние што бараат обука за US даноци или загарантирано вработување.
Три месеци настава со 24 двочасовни лекции. Потоа еден месец за проект што ги поврзува документите, трансакциите, усогласувањето и извештаите.
Запознај ги деловните модели, улогите и документите. Следи еден товар од договор и испорака до приход и плаќање.
Практичен резултат: го мапираш движењето на еден товар, ги препознаваш учесниците и документите и разликуваш приход, трошок за превозник и паричен тек.
Обработуваш фактури, наплата и settlement (пресметка за исплата). Учиш factoring (финансирање преку побарувања), проверки на гориво и усогласување исплати.
Практичен резултат: обработуваш рутински трансакции со клиенти и добавувачи, проверуваш пресметки за превозници и ги поврзуваш исплатите со документацијата.
Поврзи ги оперативните трансакции со главната книга. Вежбај усогласување, месечно затворање и извештаи, со преглед на сметководствените системи.
Практичен резултат: ги поврзуваш трансакциите со главната книга, истражуваш разлики, користиш листа за затворање и толкуваш основни извештаи.
Работи на една студија на случај со измислени податоци. Провери ги документите, обработи ги трансакциите, усогласи ги записите и презентирај ги наодите.
Практичен резултат: предаваш завршен проект што ги поврзува документите, обработката, исплатите и извештаите и ги презентираш своите наоди.
Структуриран преглед на работните процеси преку 24 лекции со јасни цели.
Практични работни листови и датотеки со измислени товари.
Обработени примери за фактурирање превоз и пресметки за превозници.
Примери за factoring, усогласување сметки и известување.
Повратни информации од вежбите и проверките на знаење.
Сопствен завршен проект со поврзани сметководствени задачи.
Контролни листи за истражување трансакции и документирање одлуки.
Работиш со измислени товари и пример-документи во формат што се користи во работата. Ја проверуваш договорената цена, ја поврзуваш испораката со фактурата и ја следиш уплатата. Кога нешто не се совпаѓа, ја истражуваш разликата и објаснуваш што треба да се провери.
| Customer | Current | 1–30 | 31–60 | 60+ |
|---|---|---|---|---|
| Northline | 2,562 | – | – | – |
| Lakeside | 1,180 | 940 | – | – |
| Summit | – | – | 610 | 1,425 |
| Total | 3,742 | 940 | 610 | 1,425 |
Сите податоци и примери се измислени и се користат исклучиво за учење.
Bootcamp-от го реализираме во соработка со американска сметководствена компанија што работи специјално со trucking компании. Во текот на програмата таа добива информации за напредокот на групата.
Три месеци настава и еден месец завршен проект со документи, пресметки и усогласувања од trucking компанија.
Со твоја согласност, CV-то и завршниот проект ги доставуваме директно до партнерската компанија.
Ако твојот профил им е интересен, компанијата може да те покани на краток разговор или интервју.
Партнерската компанија самостојно одлучува со кого ќе разговара. Учеството во програмата не гарантира интервју ниту вработување.
Кратки квизови и вежби покажуваат што разбираш и каде ти треба дополнителна практика.
Програмата предлага праг од 75%, заедно со покажана способност за основна обработка и усогласување трансакции.
Во четвртиот месец ги поврзуваш темите во проект, ги презентираш наодите и ја предаваш завршната задача за оценување.
Преку проверките и повратните информации ги препознаваш пропустите и областите што треба дополнително да ги вежбаш.
концепти и терминологија што ќе ги користиш во задачата.
менторска демонстрација на сметководствен пример од trucking компанија.
практична вежба со пример-трансакции и документи.
преглед на решенијата, корекција на грешки и дискусија.
проверка на знаењето и насоки за следните чекори.
Избери начин на плаќање. Пријави интерес за да разговараме за програмата и следните чекори.
Пополни ја формата на страницата или јави се на 077 648 049. Кажи ни со што се занимаваш и што сакаш да научиш.
Нашиот тим ќе те контактира по телефон, Viber или е-пошта за да разговарате за предзнаењето, програмата и плаќањето.
Ако програмата ти одговара, ќе ги добиеш условите и упатствата за потврда на учеството. Со поднесувањето на формата пријавуваш интерес.
Научи ја работата, изгради портфолио со завршниот проект и добиј шанса твоето CV да стигне до американска сметководствена компанија.